ВМРО-ДПМНЕ работат против здравствениот систем, нивните блокади на заемот од Светска Банка го одложија поставувањето на ковид центар во Штип

И на локално исто како и на централно ниво ВМРО-ДПМНЕ се става на спротивната страна од интересите и здравјето на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ од Штип по налог на белиот дворец се однесува деструктивно и наместо да помага, свесно одмага во справување со коронакризата.
Колку е големо лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ зборува фактот што токму оваа партија беше против тоа да се направи монтажен Ковид-центар во Штип, а денеска се наводно загрижени зошто тој го нема. А ковид-центар во Штип доцни затоа што нивната заменичка министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска намерно го кочеше заемот од Светска банка. Со тие средства, ако беа реализирани на време, денес ќе имаше опремено 16 ковид-центри низ целата држава, вклучително еден од нив и во Штип.
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводено од губитникот Мицкоски, глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а постојано го поткопува здравствениот систем.
Таквото незрело, неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ опасно по јавното здравје, беше казнето од граѓаните на целата држава, а наскоро повторно ќе биде казнето и од граѓаните на Штип на предвремените локални избори.

 

Треба да знаете
Последни објави