ЕХФ не го уважи барањето на БиХ која ќе мора да игра квалифиакциски мечеви со десет ракометари

Ракометната репрезентација на БиХ  иако десеткувана сепак ќе мора да ги одигра претстојните квалификациски мечеви за пласман на ЕП 2022 со германија и Австрија. Откако речиси една третина од ракометарите заминаа во изолација поради коронавирусот, нивното барање до ЕХФ да ги одложи натпреварите не беше прифатено. Па, така репрезентацијата на БиХ в четврток против Германија и в недела против Австрија ќе настапи со само десет играчи и еден голман.

-ЕХФ уште еднаш донесе срамна одлука, дека мора да играме против Германија со 11 играчи, што е неправда каква што немало досега во историјата на ракометот. Решија дека ова е доволна бројка, така да ќе имаме десет ракометари и еден голман. Јас до сега немам видено вакво нешто во ракометот, ова е уште една неправда во последните години која се има случено на наша штета. Се надевам дека ова ќе нѐ направи посилни. Колку и да нѐ газат, ќе излеземе посилни. Ќе се бориме до последниот момент и ќе дадеме 300-отсто од себе, изјави Буриќ, голманот на босанската репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави