По редовното тестирање на фудбалерите пред натпреварот од Лига Европа против австрискиот Волфсбергер, повеќекратниот хрватски шампион Динамо Загреб објави дека се регистрирани четири нови позитивни случаи на инфекција со коронавирусот. Корона вирусот сега е влезен на голема врата кај тимот од Максимир, чиј капитен е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Претпладнево на клупската веб страница е објавено дека на натпреварот од 3. коло во групата од Лига Европа против Волфсбергер нема да настапат вкупно девет играчи. Местото на тренерот Зоран Мамиќ кој истотака е позитивне на коронавирусот ќе го заземе еден од неговите помошници Ален Петернац.
По враќањето од Москва каде го играат натпреварот во Лига Европа против ЦСКА, позитивни резултати од тестирањата имаа тренерот Мамиќ, двајца членови на стручниот штаб и еден фудбалер. Според здравствено-безбедносните протоколи следуваше ново тестирање пред утрешниот настап во групата со претставникот на Австрија, по кое се евидентирани уште четири случаи, но клубот се уште не ги објави имињата на фудбалерите кои имаат позитивни резултати.