По ефикасниот вчерашен прв ден од третото коло во елитното клупско фудбалско натпреаврување, во кој беа постигнати 35 голови на осумте натпреаври, вечерва на програмта е вториот дел со нови осум средби од групите Е, Ф, Г и Х од кои се очкува ново гол-шоу. Фаворитите Барселона, Јувентус, Челси и Манчестер јунајтед не би требало да имаат проблеми да стигнат до победи и да направат чекор поблиску до осминафиналната нокаут-фаза.
Дерби на вечерта треба да биде пресметката меѓу францускиот ПСЖ и бундеслигашот Лајпциг во кое „светците“ ќе влезат десеткувани. Ќе ги нема Нејмар и Мбапе, го нема ни Мауро Икарди. Но, тренерот Томас Тухел има доволен број играчи кои можад да обезбедат добар резултат. Манчестер јунајтед во Истанбул е фаворит и затоа „светците“ немаат избор на гостувањето кај Германците ако сакаат да бидат поблиску до второто место.
Барселона го пречекува Динамо Киев, кој во Каталонија дојде едвај со 13 фудбалери откако котонавирусот го пеплоса украинскиот тим, па бившиот европски првак е апсолутен фаворит за трета победа во групата и нов исчекор кон осминафинале. Јувентус во истата група гостува кај Ференцварош во Унгарија, а „старата дама“ е голем фаворит за триумф, овојпат засилена со Роналдо, кој првпат после оздравувањето од ковид-19, ќе игра сезонава во елитното друштво.
Севилја и Челси не би требало да имаат проблеми со Краснодар односно Рен во своите мечеви, како и Јунајтед кој по две победи со многу подобрите ПСЖ и Лајпциг, сега го чека пресметка со најслабиот во групата Башахшехир.
Многу поинтересно ќе биде во Санкт Петербург, каде Зенит го пречекува Лацио во обид да се врати во игра за места во пролетниот дел од сезоната, додека Бриж е домаќин на Борусија Дортмунд.
Група Е: Севилја – Краснодар (21 часот), Челси – Рен (21 часот)
ТАБЕЛА: Челси 4, Севилја 4, Краснодар 1, Рен 1
Група Ф: Зенит – Лацио (18.55), Бриж – Борусија Дортмунд (21 часот)
ТАБЕЛА: Лацио 4, Бриж 4, Дортмунд 3, Зенит 0
Група Г: Барселона – Динамо Киев (21 часот), Ференцварош – Јувентус (21 часот)
ТАБЕЛА: Барселона 6, Јувентус 3, Динамо Киев 1, Ференцварош 1
Група Х: Башахшехир – Манчестер јунајтед (18.55), Лајпциг – ПСЖ (21 часот)
ТАБЕЛА: Манчестер јунајтед 6, ПСЖ 3, Лајпциг 3, Башахшехир 0.