Сопругата на албанскиот претседател Моника Куремади, која е лидерка на опозициското Движење за социјалиситичка интеграција(ЛСИ), казнета е за неносење заштитна маска.
-Ова е потврда дека полицијата не прави пардон.Заради неносење заштитна маска, која од 15 октомври е задолжителна и на отворен простор, со казна во износ од по 25 евра казнети се Моника Круемади претседателка на ЛСИ и партиската потпретседателка Флоида Крпачи, пренесуваат албанските медуми.
Двете претпладнево биле на средба со жители во населба во Тирана, каде се без заштитни маски, со што го „прекршиле анти ковид законот”.
Круемади, која и самата е доктор, јавно кажа дека е против мерката за задолжително носење заштитна маска на отворен простор и оти нема да ја почитува.
-Маска на отворен простор никако. А доколку ми напишат казна нема како да ги добијат парите. На мое име немам ниту куќа, ниту стан. Нека ја испратат до Илир или до мајка ми, рече Круемади.
Тоа поради владината одлука со која паричната казна да се впишува во сметката за потрошена електрична енергија.
Инаку, во просек во едно деноноќие полициските службеници изрекуваат по над 700 казни за неносење заштитна маска.