Броењето на гласовите од вчера оддржаните претседателски избори во САД се уште е во тек, резултатот од гласањето е крајно неизвесен, но актуелниот претседател Доналд Трамп веќе го оспори изборниот резултат.
По ноќешниот говор во кој прогласи победа, тој се огласи и на Твитер.
„Синоќа водев, често пати солидно, во голем број клучни држави, во речиси сите места што ги држеа и контролираа демократите. Потоа, еден по еден, тие почнаа магично да исчезнуваат додека се броеја изненадувачки допишаните гласови. Многу чудно, а анкетарите погрешно се’ сфатија буквално и историски “, напиша Трамп.
Набрзо по првиот тој објави уште еден твит.
„Како е можно секогаш кога ќе добијат допишани гласови тие да бидат толку разурнувачки во процентот и моќта на уништување?, додаде американскиот претседател.