Хју Грант изрази интерес за продолжение на британската ром-ком „Нотинг Хил“, и саркастично искоментира дека двајцата главни протагонисти најверојатно веќе поминуваат низ најлошиот развод што може да се замисли.
Во интервју за „Колидер“, кралот на романтичните комедии даде сосема неочекуван коментар за овој жанр и за улогите што го направија славен.
„Жанрот романтична комедија е голема лага,“ рече Грант, додавајќи дека ликовите од разни романтични комедии биле катастрофа, тие филмови беа лаги“.
„Сигурен сум дека мојот лик и ликот на Џулија Робертс во „Нотинг Хил“ сега поминуваат низ најгрдиот развод што може да го замислите, со скапи и корумпирани адвокати“, рече тој, кога го запрашаа да избере една ром-ком за која би снимал втор дел.