Црн биланс за БиХ со починати 39 пациенти од коронавирусот за еден ден

Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа тестирани се 4.384 примероци, а позитивни се 1.734. Во истиот период починати се 39 пациенти.

Во федерацијата биле тестирани 3.350 примероци, од кои 1.234 биле позитивни.

Досега се тестирани 213.782, а на корона вирус позитивни биле 34.981 лица.

Излечени се 20.488 пациенти, а активни се 13.636.

Во федерацијата има 16 починати лица од Ковид-19, или вкупно 857.

Во Република Српска тестирани се 1.034 примероци, а позитивни се 500 лица.

Денеска пријавени се 23 смртни сучаи од Ковид-19.

Податоците за Брчко не се објавени.

Треба да знаете
Последни објави