Додека течат претседателските избори и пребројувањето на гласаовите во САД, многу Американци бараат преку Интернет како да се преселат во Канада, но промената на државјанството всушност не е лесна, особено за време на пандемијата со Ковид-19, пренесува „Њујорк пост“.
Северните соседи на САД се всушност малку пребирливи за само така да дозволат некој да влезе во земјата, и сите „дискрециони“ патувања од САД во моментов се забранети, се вели на канадската веб-страница за миграција.
Стапката на смртност од Ковид-19 по жител во Канада – 27,69 на 100,000 жители – е помалку од половина од стапката во САД од 70,07 на 100,000, според најновите податоци на универзитетот „Џонс Хопкинс“. И, Канада би сакала да ги задржи своите бројки ниски, толку многу што несуштинските патувања се забранети
„До следното известување, повеќето странски државјани не можат да патуваат во Канада дури и ако имаат важечка виза за посетител или електронско одобрение за патување“, се вели на веб-страницата за миграција на Канада.
Исклучоци се прават за акредитирани дипломати, членови на потесното семејство на канадски државјанин, вклучително брачен партнер, и меѓународни студенти. Канадската влада нуди корисна веб-страница за утврдување на подобноста за иселување, заснована на јазичната способност, образованието и работното искуство.
Но, дури и во најдоброто сценарио – да се укинат ограничувањата поради пандемијата и имате најдено работа во Канада – обично треба повеќе од една година работно искуство во Канада со полно работно време пред да може да се следи најбрзиот пат до државјанството преку апликацијата „ Express Entry“.
Американцитете можат да влезат во Канада со брачна виза иако и таму има многу пречки кои вклучуваат многу време и документи. Тој процес вклучува медицински, кривични и безбедносни проверки и истрага на канадската влада за да се утврди дали бракот е легитимен, пренесува имиграциската фирма Allhod.com.
Победата на Доналд Трамп во 2016 година ја сруши веб-страницата поради демократите кои бараа излез од САД по последните претседателски избори.