Британскиот Парламент денеска го одобри едномесечното „заклучување” на Англија поради ширењето на коронавирусот.
Британските медиуми пренесоа дека пратениците на Долниот дом со 513 гласа „за” го поддржаа планот на премиерот Борис Џонсон, што треба да го спречи ширењето на коронавирусот да биде неконтролирано и да доведе до колапс на здравствениот систем. Против гласаа 38 пратеници.
Исходот од гласањето не беше доведен во прашање откако опозициската Лабуристичка партија соопшти дека ќе го поддржи предлогот на британската Влада, иако го критикуваше Џонсон за неговата бавна реакција.