Во изборот на Брестовац меѓу 16-мината за дуелот со Финска не се најдоа Кизиќ и Кукоски

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (20 ч.) ги почнува нстапите во квалификациската група 7 за Европското првенство  2022 година, со дуелот против Финска во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“. Натпреаврот се игра без присуство на гледачи поради здравствено-безбедносните протоколи во борбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Токму ваквата состојба со коронавирусот му предизвика проблеми на македонскиот селектор Данило Брестовац да ги одбере соодветните ракометари кои сметаше дека ќе му бидат потребни за да се одигра како што поскаува и да се победи Финска. И со принидните рокади во државниот тим, Македонија останува фаворит.
Од расположивите играчи Брестовац одбра 16 меѓу кои не се најдоа голманот Марко Кизиќ и Милорад Кукоски.

Правдата ќе ја делеат судиите од Русија Константин Ершов и Антон Пављуков, а делегат е Марјан Начевски.

Треба да знаете
Последни објави