Претседателот на САД и републикански кандидат Доналд Трамп освои четири од пет гласа на „електорите” во Небраска, додека неговиот противкандидат од редовите на демократите доби еден глас во таа сојузна држава. Трамп победил во првиот конгресен округ, во третиот конгресен округ, како и на државно ниво. Трамп доби по еден глас од гласачкото тело за секоја конгресна област, како и уште два за победата на државно ниво.
Бајден победи во втората конгресна област, која го вклучува најголемиот град во Набраска, Омаха.
Небраска е една од двете држави каде се поделени гласовите на избирачите. На претседателските избори во 2016 година, Трамп ги освои сите пет гласа на гласачите во Небраска.