Сопственици на 89 возила се казнети во текот на октомври на тетовското подрачје затоа што полицијата открила дека имаат поставено фолии спротивно на законските прописи и критериуми. Изготвени им се соодветни поднесоци и тие ќе с е соочат со парична глоба од 300 евра во денарска противвредност.
-Во текот на минатиот месец (октомври) на поширокото тетовско подрачје биле откриени 239 возила со монтирани, односно поставени фолии спротивно на законските прописи и критериуми. Покрај казни за 89 сопственици, 150 ги извадиле фолиите на лице место. Претежно станува збор за патнички возила кои имале поставено фолии на шофершајбните и предните стакла. Оваа активност на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај со несмален интензитет ќе продолжи и во ноември, соопштија денес од СВР Тетово.
Затемнетите стакла со фолии на возилата не поминуваат и на технички преглед. Во член 20 од правилникот за уреди и опрема се наведува дека видливовста на ветробранското стакло (шофершајбна) треба да биде 75 проценти, а на страничните бочни стакла кај возачот и совозачот видливоста 70 проценти