Во Хрватска изминатите 24 часа се регистрирани 2.480 новозаразени од коронавирус, а евидентирани се дури 26 смртни случаи. Објавата на хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита со новите податоци околу коронавирусот доцнела дури еден час. Пред тоа, пријавено е дека во Загреб се регистрирани 677 случаи.
Бројот на активни случаи во Хрватска денеска е 14.843, од кои 1.221 пациент се во болница, а од кои 118 пациенти се на апарати за дишење.
Од 25 февруари, во Хрватска се евидентирани вкупно 56.567 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 654 починале, а вкупно 41.070 оздравеле, од кои 1.690 во последните 24 часа.
Во моментов има 29.404 лица во самоизолација. До денеска се тестирани вкупно 523.382 лица, од кои 9.206 во последните 24 часа.