Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп доби изненадувачка поддршка меѓу латиноамериканските и другите не-бели гласачи, но изгуби поддршка од белците и постарите лица, покажаа анкетите на „Едисон рисрч”.
Трамп ги освои Флорида и Тексас делумно поради новата поддршка од латино-гласачите.
На Флорида, Трамп и Бајден ги поделија гласовите на латиноамериканците, покажаа излезните анкети. Во 2016 година, Трамп успеа да освои 40 проценти од латиноамериканците во трката против демократската кандидатка Хилари Клинтон. Оваа година му дадоа глас на 30 проценти од не-белите, а пред четири години 20 отсто.
Републиканецот одржуваше предност кај белците на Флорида. Шеесет проценти од белците гласачи гласаа за Трамп, исто како и во 2016 година, покажуваат излезните анкети на „Едисон Рисрч”.
Кампањата на Трамп извојува победа меѓу кубанско-американските гласачи во Јужна Флорида со нагласување на цврстата политика кон Куба и Венецуела и прикажување на Бајден и демократите како „социјалисти”.
Во Тексас, 40 проценти од латино-гласачите гласале за Трамп, повеќе отколку во 2016 година, според излезните анкети во таа сојузна држава.
Националните анкети на „Едисон Рисрч” покажуваат дека иако Бајден го води Трамп меѓу не-белите, Трамп освои поголем дел од нивните гласови отколку во 2016 година.
Единаесет проценти од Афроамериканците, 31 процент од латиноамериканците и 30 проценти од азиските Американци гласаа за Трамп, што е за три процентни поени повеќе од пред четири години во сите три групи.
Најверојатно републиканскиот претседател изгубил одредена поддршка меѓу белците и постарите гласачи во Џорџија, Пенсилванија и Висконсин, покажуваат анкетите на Едисон.
Додека тој се уште ужива најголема поддршка меѓу тие гласачи, некои застанаа на страната на Бајден.
Трамп ги освои сите овие три држави во 2016 година, но резултатот од изборите оваа година се уште не е познат досега.
Анкетите на Едисон покажуваат дека Трамп собра 70 проценти од белите гласови во Џорџија, додека во 2016 година уживаше поддршка од 80 проценти од белците мажи. Шеесет проценти од гласачите со најмалку 65 год.му дадоа глас во Џорџија, што е помалку од седумдесет проценти пред четири години.
Се чини дека Трамп ја изгуби поддршката во Пенсилванија, федерална држава што може да одлучи за победникот на изборите, меѓу белците, матурантите и оние под 44 години.
Анкетите покажуваат дека 61 процент од белците мажи го поддржуваат реизборот на Трамп, што е за три процентни поени помалку од 2016 година.
За Трамп гласале 40 проценти од гласачите со диплома, што е за 5 процентни поени помалку од пред четири години, а 33 проценти од гласачите на возраст меѓу 18 и 44 години, девет процентни поени помалку.
Но, Трамп во Пенсилванија освои поддршка од 56 проценти од гласачите најмалку 45, што е зголемување за три процентни поени.
Во Висконсин, 60 проценти од белците без диплома гласаа за Трамп, помалку отколку во 2016 година. Четириесет проценти од независните овој пат го поддржаа Трамп, додека пред четири години тој беше поддржан од половина независни лица.