Модерни, негувани, извонредно атрактивни, живот како во бајка. Така барем ги гледаме и најчесто се доживуваат актерките во километарските турски серии кои секојдневно ги следат милиони луѓе, особено на Балканот, иако последниве години доживуваат и многу поширока популарност.
Но дали нивниот живот е навистина бајка? Дека на многу од нив животот им е како телевизиска сапуница, тоа е сигурно.
Несрин Каваџаде, Шахика: Ќе имам седум деца
Несрин Каваџаде е родена во Баку, Азербејџан. Таа се преселила во Истанбул со својата мајка на 11 години. По матурирањето во гимназијата Шишли Тераки, се запишала на универзитетот „Мармара“, Факултет за уметности, на одделот за кино и телевизија. Дебитирала на телевизија, а потоа се појавила во различни ТВ серии, но и во серијата која моментално се емитува во кај нас „Забрането јаболко“ каде ја толкува улогата на Шахика. Иако таму толкува лик кој не го интересира љубов и семејство туку само пари во приватен живот е сосема различна. Таа моментално е вљубена во нејзиното момче Алихах, кој го крие од очите на јавноста. Како и секоја жена така и таа сака да стапи во брак. Смета дека денеска луѓето се претпазливи и безнадежни кога во прашање е љубовта, но таа не е таква. Таа сака да го помине нејзиниот живот со саканата личност и да има седум деца. Нејзиниот сон е да стане мајка и често знае да се шегува. Несрин Каваџаде, која му даде живот на ликот на Шахика во „Забранетото јаболко“, е една од најбараните актерки и добро заработува, па се почести и си купи вила од 2,8 милиони долари во Арнавуткој.
Еда Еце Узуналиоглу, Илдиз: Жените треба да се слободни да избираат
Еда Еце Узуналиоглу е родена како трето дете на 20 јуни 1990 година во Истанбул, Турција. Има завршено психологија на универзитетот „Истанбул Билги“. По дипломирањето таа одела на часови по историја на уметност и започнала да работи во уметничка галерија. Учествувала и во разни театарски претстави. Еда Еце дебитираше со нејзината улога во популарната младинска турска драма „Dirt Seven“ (Пис Једили), а сега ја гледаме на ТВ екраните како Илдиз во „Забрането јаболко“. За неа може да се рече дека е феминист, бидејќи смета дека жените треба да се слободни затоа што и тие работат и заработуваат пари. Смета дека жената не е поразлична од мажите па и таа може да има лесни врски и дека жените се похрабри од мажите. Вели дека eмоционалната интелигенција на жените е многу висока. Таа беше во врска со кошаркарот Бурахан Тунцер, но, славниот пар ѝ стави крај на љубовната идила.
Шевал Сем, Ендер: Не сакам брачна заедница
Шевал Сем роден е родена 11 ноември 1973 во Турција и е пејачка и актерка. Таа е ќерка на Леман Сем, кој исто така е пејач. Одела во средно училиште во Исов Јапи Меслек Лисеси и студирала ликовна уметност на Катедрата за графички дизајн на Универзитетот Мармара. Таа беше омажена за фудбалерот Метин Текин помеѓу 1993 и 1999 година, а од овој брак има син по име Тарик Емир. Таа е против бракови и не ги сака…
Преземено од Вечер Прес