Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева од денеска е во изолација, откако брзиот ПЦР – трст на нејзиниот заменик дал позитивен резултата, во рамки на рутинското тестирање за ковид-19 во бугарското МНР.
До крајот на работниот ден, како што јавуваат медиумите во Софија, се очекуваат резултатите и од тестот на Захариева за присуство на ковид-19.
Бугарските медиуми јавуваат дека Захариева завчера беше во Берлин, на средба со македонските министри Никола Димитров и Бујар Османи.
Сите членови на бугарската делегација во Берлин се ставени во изолација.



