Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија вечерва е осветлено во боите на знамињата на Франција и Австрија.
-Нашите сојузници, но пред сѐ, нашите пријатели Франција и Австрија поминуваат низ едно тажно поглавје по ужасните терористички напади. Но ние сме појаки од омразата и теророт и заедно ќе ја водиме оваа битка. Вечерва изразуваме сочуство и солидарност со нашите француски и австриски пријатели, се наведува во информацијата од МНР.
Од МНР потенцираат дека испраќаме порака дома, но и во светот – овие немили настани не можат да нѐ исплашат, но можат да нѐ сплотат.