Марадона е успешно опериран поради крварење во мозокот

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на најважната споредна работа во светот, легендарниот Аргентинец Диего Армандо Марадона е успешно опериран поради крварење во мозокот, објави неговата ПР служба. Хирушката интервенција над марадона е извршена само една недела откако тој го прослави својот 60. роденден.

-Се беше успешно и мина како што се „очекуваше“, објавија од тимот на Марадона.

Аргентина се моли за својата „Божја рака“. Еден од најдобрите фудбалери во историјата имал „субдерален хематом“ – собирање на крв меѓу мембраната и мозокот, изјавил личниот доктор на Марадона Леополдо Луке.

Според неврологот Луке проблемот најверојатно настанал како резулат на некоја повреда, но Марадона порачал дека не се сеќава дека се повредил.

Марадона во следните 48 часа ќе биде во својата соба во една приватна болница во Буенос Аирес и ќе заздравува по операцијата.

Треба да знаете
Последни објави