Средба Шахпаска претставници од МАНУ: Сите мерки кои ги  засегаат  граѓаните носат со себе голема одговорност, затоа научните потврдени сознанија се од исклучително значење

Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска оствари средба со претставници од МАНУ и “Прајсвотерхаус Куперс” предводена од Академик Таки Фити.

На оваа средба се разговараше за можностите за соработка на полето на научно-истражувачката дејност и размена на искуства во делот на надлежностите на Министерството за труд и социјална политика,  со  акцент во делот на предизвиците и влијанието на пандемијата од КОВИД 19 врз економијата и секторите коишто се најпогодени. Министерката Шахпаска ја искажа нејзината заложба за спроведување на издржани, ефикасни и ефективни мерки во справувањето со пандемијата од корона вирусот, врз стопанството, работниците и најранливите категории на граѓани и ја нагласи важноста од спроведување на практики базирани на докази. “Во областа на трудот и социјалната заштита како Министерство е многу е значајно да дејствуваме одговорно и со цели кои ќе се базираат на научно потврдени сознанија, бидејќи мерките коишто треба да се превземат ќе имаат директно влијание врз граѓаните на нашата држава,” рече Шахпаска.

Соговорниците на оваа средба изразија подготвеност за понатамошна  соработка, од која ќе произлезат решенија и  ќе се испорачаат  резултати кои се во интерес на граѓаните на нашата држава.

 

Треба да знаете
Последни објави