Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп го освои четвртиот изборен глас во сојузната држава Мејн.
Бајден претходно победи во Мејн, каде обезбеди три од четирите изборни гласови, додека Трамп победи во конзервативната област.
Кандидатот кој ќе победи во една сојузна држава ги „добива” сите нејзини гласови, освен во Мејн и Небраска. Кандидатите можат да ги поделат гласовите во Мејн и Небраска, во зависност од резултатите на ниво на изборна единица во тие држави.
Истата ситуација се случи во 2016 година, кога тогашната демократска кандидатка Хилари Клинтон освои три, а Трамп четвртиот изборен глас во Мејн.
Бајден сега има 238, а Трамп 214 изборни гласови, а на еден кандидат му се потребни 270 гласа за да победи.