Министерот за внатрешни работи денеска го потврди распуштањето на ултранационалистичката турска група „Лес Лу Грис” („Сиви волци”), по одлуката што ја донесе Советот на министри по наредба на претседателот на Републиката, јави дописникот на МИА,
Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманан, веста ја потврди на Твитер.
„Како што е детално опишано во декретот што го претставив, групата поттикнува дискриминација и омраза и е вклучена во насилни активности. Указот ги утврдува сите причини што доведоа до изрекување на распуштањето на групата”, се прецизира во документот.
Во понеделникот министерот Дарманан пред законодавната Комисија на Националното собрание.групата ја опиша како „особено агресивна””
Групата „Сиви волци” беше посочена како одговорна за инцидентите што ги спротивставија турската и ерменската заедница во Десин-Шарпие, близу Лион. Оваа мерка стапува на сила во контекст на силните дипломатски тензии меѓу Франција и Турција во врска со третманот на муслиманите во Франција.
Од своја страна, Комитетот за одбрана на ерменската кауза ја поздрави оваа одлука со која оваа група повеќе не ќе може да предизвикува штети”, додека Марин Ле Пен го обвини министерот Дарманан дека не се справил со „вистинскиот проблем, здружението прокалифат Мили Горус “.т