Е.Пелистер ќе побара од ЕХФ да го одложи мечот со Шафхаузен

Македонскиот ракометен претставник во второто по ранг клупско натпореаврување Лига Европа, битолски Еурофарм Пелистер објави дека ќе испрати барање до ЕХФ за одложување на мечот со швајцарскиот Кадетен Шафхаузен кој треба да се игра на 17. ноември. Од клубот соопштуваат дека поради детектираните позитивни ковид-тестови пркекинати се тренинзите и екипата е во самоизолација.

-РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека и покрај строгите протоколи, принципиелноста и внимавањето, детектирани се позитивни случаи на ковид-19 во ростерот на екипата. По враќањето на тренинзи на ракометарите кои не се повикани во дресот на националните репрезентација, редовното тестирање пред продолжување со тренинзи евидентирани се неколку позитивни тестови на коронавирус, поголемиот дел асимптоматски.

Клубот им посакува заздравување на заразените и наскоро ќе се огласи со следните чекори за обновување на тренинзите“, стои во соопштението од клубот.

Треба да знаете
Последни објави