Европската куќа го одбележува првиот роденден

Европската куќа (Europe House) во Скопје денеска ја одбележува својата прва годишнина.

Евроамбасадорот Дејвид Гир упати видео порака со која го честиташе првиот роденден на Европската куќа, промовирајќи го младинскиот потенцијал и позитивните искуства во неа.

-Повеќе од 100 „ин хаус” настани, повеќе од 3.400 учесници, повеќе од 120 гости соговорници. Ова накратко е резимето на првата година од работата на „Еуропе хаус”. Дополнително Europe House организираше многу настани надвор од своите простории како што се посети на средни училишта и акции за чистење ширум земјата. Таа исто така организираше различни онлајн дебати пренесувања во живо и поткасти како начин да продолжи со својата работа за време на пандемијата, посочува Гир во видео пораката.

Евроамбасадорот потсети дека на 4 ноември 2019 претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, официјално ја отвори Европската куќа и на симболичен начин го предаде клучот на објектот на студенти.

-Пораката беше: „Млади луѓе, ова е место за вас каде ќе можете да се собирате, да разменувате идеи и да се поврзувате со други луѓе така што ќе создавате свежи  можности за вас самите и за вашата земја истовремено”. Позитивните коментари што постојано ги добиваме околу работата на Европска куќа e ја наметна идејата за отворање на слични вакви центри и во други градови. И покрај тоа што Кoвид-19 ни ја забави работата очекуваме наскоро да го видиме раѓањето на „подмладокот” или подобро речено на „помладите браќа и сестри” во Крива Паланка и Струмица, рече Гир.

На крајот тој посака среќен роденден на Европска куќа, посакувајќу уште многу години постоење и уште повеќе активности во безброј простории со уште повеќе можности за младите.

Амбасадорот на ЕУ потоа имаше он лајн дебата со младите македонски амбасадори и аташеа, како што посочи, идните носители на промени, кои доаѓаат од различни средини, кои имаат заеднички интерес да научат за европските вредности и да ги промовираат можностите што ги нуди ЕУ.
На виртуелната дебата разговараа за предизвиците на новата генерација кои вклучуваат пристап до квалитетно образование, подобри можности за младите луѓе од руралните средини, менталното здравје, но и одржлива и „зелена” Европа.
Првиот роденден на Европска куќа вклучува целодневна он-лајн програма со визуелни и музички настапи од млади уметници. Годишнината ќе се искористи за презентирање на мобилната апликација „Виртуелна Европска куќа” наменета за младите да организираат, споделуваат или учествуваат во настани од нивен интерес.
Во рамки на ова одбележување, „Предизвиците на новата генерација” ќе бидат презентирани во текот на денот преку дебата со 10-те млади амбасадори на Европа и аташеа од Северна Македонија.
На предните прозорци ќе може да се видат „Шамба трио”, „Тим Театрос К” и Сања Симоска со нивните уметнички настапи, додека диџеј Гоце ќе настапи на ноќната забава.
Европската куќа во Скопје е основана од Делегацијата на ЕУ. Најавени се уште две сосема нови Европски куќи што треба да се отворат наскоро во Крива Паланка и Струмица. Трите Европски куќи се специјално дизајнирани да ги задоволат потребите на младите од сите сфери на животот и да овозможат нивно критичко размислување, дебатирање и вмрежување.
Треба да знаете
Последни објави