Ракометната репрезентација на БиХ иако десеткувана сепак ќе мора да ги одигра претстојните квалификациски мечеви за пласман на ЕП 2022 со германија и Австрија. Откако речиси една третина од ракометарите заминаа во изолација поради коронавирусот, нивното барање до ЕХФ да ги одложи натпреварите не беше прифатено. Па, така репрезентацијата на БиХ в четврток против Германија и в недела против Австрија ќе настапи со само десет играчи и еден голман.
-ЕХФ уште еднаш донесе срамна одлука, дека мора да играме против Германија со 11 играчи, што е неправда каква што немало досега во историјата на ракометот. Решија дека ова е доволна бројка, така да ќе имаме десет ракометари и еден голман. Јас до сега немам видено вакво нешто во ракометот, ова е уште една неправда во последните години која се има случено на наша штета. Се надевам дека ова ќе нѐ направи посилни. Колку и да нѐ газат, ќе излеземе посилни. Ќе се бориме до последниот момент и ќе дадеме 300-отсто од себе, изјави Буриќ, голманот на босанската репрезентација.