Екипа на ТВ21 денеска беше во струшко Велешта каде жалат по загубата на Неџип Вренези (20) кој беше убиен во терористичкиот напад во Виена. Вранези бил роден и пораснат во Виена, но никогаш не му било тешко да дојде во татковината на одмор. Тој завршил Воена академија и ден пред напаѓачот да му го одземе животот, добил вест дека е пример на работа.
Тетката на Неџип низ солзи раскажува за нејзиниот внук, кој излегол во еден локал со другарите за да го прослави вработувањето.Излегол да запали цигара надвор и напаѓачот го погодил, бил на неколку метри, потоа се вратил назад. Бил жив, кога видел дека мрда, се вратил и повторно пукал и тогаш починал“, вели тетката на Неџип.
Целата сторија на ТВ21.