Македонија треба да ја докаже фаворитската улога против Финска

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва (20 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“ без присуство на гледачи ќе го почне новиот квалификациски циклус за настап на ЕП-2022 кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка. За противник ќе ја има селекцијата на Финска. Македонија пред овој дуел ја има фаворитската улога, но тоа останува избраниците на селекторот Данило Брестовац  да го докажат на паркетот.

Пред овој дуел, како и пресметката со Швајцарија која е закажана за 7 ноември. македонскиот национален тим се соочи со проблеми предизвикани од пандемијата со коронавирусот. Поради позитивни тестови направени пред стартот на подготвките од списокот на слекторот Брестовац отпаднаа Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски, па дополнителен повик беше упшатен за Гоце Георгиевски и Велко Маркоски.

Брестова крајсебе ќе ги нема и соработниците Александар Царчев и Никола матлиевски, како и дополнително повиканиот Раде Стојаноновиќ. На клупата останува да му асистира дополнително повиканиот тренер на голманите Ице Соколески од тимот на Еурофарм Пелистер.

без разлика на се што се случуваше во предиграта за овој меч Македонија е фаворит. Досега со Финаска има одиграно два квалифиакцики мечеви и тоа за ЕП-2005. Има забележано победа пред своите гледачи (36:30) и реми на гостувањето во Турки (30:30).

Во 7. квалифиакциска група требаше да се одигра и дуелот Данска – Швајцарија, но поради контакти со заразени од коронавирусот истиот е одложен.

 

Треба да знаете
Последни објави