Сите овации и честитки во третата рунда одат на сметка на Севиља. Составот од Андулузија режираше пресврт каков што ретко се гледа во светскиот фудбал. Фудбалерите на Краснодар со 0-2 стекнаа водство со головите во Сулејманов и Берг во 17-та односно 21-та минута.
Во финишот од првиот дел Севиља намали на 2-1 преку Ракитиќ, но остана со фудбалер помалку после црвениот картон на Хесус Навас.
Херој на Севиља е Ен Нусери кој во 69-та и 72-та минута ја затресе мрежата на противникот за 3-2.
До крајот Севиља издржа и забележа фантастичен триумф.