Од вечерва угостителските објекти работат до 21 часот, освен тие за достава и шалтерска продажба на храна, откако Владата по предлог на Комисијата за заразни болести го скрат работното време. Оваа одлука за работното време важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а од неа се исклучени угостителските објекти на аеродромите во Скопје и во Охрид.
Мерките се почитуваат во Скопје, каде познатите собиралишта во центарот се затворени. Но како и секогаш, пекарите се полни, а работат и казината. Нашите камери не забележаа ниту поголеми групи на млади.
Фото: Слободан Ѓуриќ