Австралиската обложувачница веќе исплаќа на оние кои се обложиле на Бајден

Австралиската обложувачница Спортсбет денеска објави дека веќе исплатила околу 16,5 милиони долари на оние кои се обложиле на демократот Џо Бајден на претседателските избори во САД.

Конечните резултати од изборите во САД се уште не се познати, но американските медиуми и политички аналитичари сметаат дека Бајден е поблизу до победата, иако Трамп се уште има шанса.

И покрај тоа, Спортсбет објави дека веќе исплатил 23 милиони австралиски долари (16,5 милиони американски долари) на околу 100.000 луѓе кои се обложиле на демократот.

– Ние сме целосно уверени дека Бајден ќе заврши во Белата куќа, изјави портпаролот на австралиската обложувачница.

Треба да знаете
Последни објави