Изјавите на папата Францико за истополовите бракови во документарецот се извадени од контекст и Црквата нема да ја смени својата доктрина во врска со истополовите бракови, соопшти централното биро на Ватикан.
Испратено е образложение од Државниот секретаријат на Ватикан до сите амбасадори на Ватикан низ целиот свет со упатства да го проследат до локалните бискупи за да можат правилно да ги разберат зборовите на светиот отец.
Документарниот филм „Франциско“ беше премиерно прикажан на 21 октомври на Римскиот филмски фестивал, а заврши на насловните страници затоа што папата во него вели дека хомосексуалците имаат право да основаат семејства и дека е потребно да се регулираат истополовите бракови.
Изјавата на папата наиде на одобрување од либералите и повикува на појаснување од конзервативците.
Државниот секретаријат на Ватикан минатата недела тивко им испрати објаснување на своите амбасадори, кои потоа им го препратија на епископите. Во него се наведува дека две од изјавите на Франциско, одговори на две различни прашања, се монтирани во една изјава.
Во писмото се вели и дека во филмот е исечен делот во кој папата се противи на хомосексуалниот брак, и дека тој зборувал за вонбрачна заедница во контекст на граѓанските закони за животно партнерство.
Јасно е дека папата Франциско зборуваше за законите на државата, а не за доктрината на Црквата, која тој ја повторуваше неколку пати низ годините“, се вели во писмото до амбасадорите.
Црквата верува дека истополовите склоности не се грев, но хомосексуалните акти се грев.