Се чини дека деновите на норвешкиот фудбалски стручњак Оле Гунар Солскјер на клупата кај трофејниот англиски премиерлигаш Манчестер Јунајтед се одбројани. Според пишувањето на медиумите на Островот, челниците Манчестер јунајтед веќе ги отпочнале преговорите со Маурицио Покетино, поранешниот тренер на Тотенхем, кој веќе една година е без ангажман.
Не е тајна дека Покетино посакува да дојде на “Олд Трафорд“. Аргентинецот одби неколку добри понуди, а сега тешко дека ќе го стори тоа и со Манчестер јунајтед.
за ваквиот расплет по лошиот старт на сезоната Солскјер кој не помислува да даде оставка има свој коментар.
-Вработен сум во клубот и давам се од себе да си ја завршам обврската најдобро – изјавил Норвежанецот.