Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека граѓаните на кои им доцнат решенијата за изолација може да се обратат до нив преку електронска пошта.
„Граѓаните шѕо од која било причина сè уште не добиле решение за изолација може да испратат имејл на следнава адреса: infodszi@zdravstvo.gov.mk, со точни лични податоци и информации за адресата и местото на живеење“, соопштија од ДСЗИ.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера издал 1.215 решенија за изолација, и тоа во Скопје на 221 позитивен на Ковид-19 и на 152 нивни контакти, а во дригите населени места на 324 позитивни на Ковид-19 и на 518 нивни контакти.