Европската унија го следи развојот на ситуацијата во Косово по одлуката на хашкото Специјално обвинителство на Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово да покрене обвиненија против високи личности во Приштина, изјави денеска во Брисел портпаролот на ЕК, Петер Стано.
– Ние никогаш не коментираме судски одлуки за одделни случаи, па ниту овие операции и постапки на Специјалниот обвинител, истакна Стано, додавајќи дека ЕУ дополнително ќе реагира кога ќе добие „важни информации” за тоа.
Портпаролот на ЕК со тоа одговори на новинарско прашање дали ЕУ смета дека покренувањето обвиненија против косовскиот претседател Хашим Тачи, кој поднесе оставка, и уште неколкумина важни личности во Приштина, може да има влијание врз дијалогот меѓу Белград и Приштина.