Очајниот губитник Христијан Мицкоски бесрамно продолжува да злоупотребува човечки судбини во сопствената борба за спас на фотелјата во белиот дворец.
Токму затоа што заболените и почитнатите од Ковид 19 не се бројка туку луѓе, недозволиво и срамно е однесувањето на Мицкоски кој сака да ги злоупотребува, а при тоа и да работи на директна штетата на здравјето на сите.
За време на целата пандемија, однесувањето и дејствувањето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е опасно по јавното здравје. Додека сите институции, сите здравствени работници неуморно се борат против коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да го поткопаат здравствениот систем.
Таквото однесување граѓаните го ценат, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе се во опозиција.