и Бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачнов се повикува на анкетата според која 84 проценти Бугари сметаат дека треба да има разговори за членство на С Македонија во ЕУ „само кога земјата ќе ги надмине историските манипулации и ќе се постигне договор за фактите“, објави БГНЕС.
Компромис за историјата на бугарскиот народ би бил национално предавство. Кој и да го прифати тоа, неговата фотографија треба да биде ставена веднаш до таа на Георги Димитров, кој го наметна македонизмот со насилство во Пиринска Македонија.
Софија нема да прави компромис со С Македонија на кој било начин. Ние немаме право да признаеме во ЕУ земја со нов идентитет на антибугарска основа. Не можеме да поддржиме држава која врз основа на кражба на бугарската историја создава нов идентитет врз со омраза кон бугарскиот народ, изјавил бугарскиот министер за одбрана и претседател на бугарското ВМРО.
Тој изразил воодушевување од резултатите во последната анкета, во која, како што вели, 84 проценти од испитаниците се залагаат Бугарија да спречи понижување и кражба на историјата.
Бугарскиот европратеник од редовите на владејачката ГЕРБ Андреј Ковачев вчера изјави дека, соред истражувањето на „Алфа Рисрч“, 84% од Бугарите велат дека треба да има разговори за членство на Македонија во ЕУ, но само кога земјата ќе ги надминела историските манипулации и ќе се постигнел договор за фактите од историското минато на Бугарија. Истражувањето покажало дека 10,2% од Бугарите сметаат дека Бугарија треба да ја поддржи Македонија за ЕУ, без оглед на нејзиниот однос кон фактите за историското минато на Бугарија.