Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Австралиецот Џордан Томпсон во два сета во третото коло на Мастерсот во Париз
Во меч што траеше еден час и 35 минути, Надал го доби првиот сет со 6:1, во вториот беше 7:6 (7-3) по тај-брејк.
Следниот противник на Шпанецот ќе биде Пабло Карено-Буста.
Наградниот фонд на АТП Ролекс Мастерсот во Париз изнесува 3,9 милиони евра.