Поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп, некои вооружени, се собираат пред центрите за броење

Поддржувачи на американскиот претседател Доналд Трамп, некои вооружени, се собираат пред центрите за броење на избирачките ливчиња за претседателските избори.

Во некои држави, каде што води американскиот лидер, демонстрантите бараат да се стави крај на броењето, а во други, каде заостанува – да продолжи.

Во округот Марикопа, Аризона, вооружени лица влегоа во изборен центар, додека демонстрантите се собираа надвор. Локалните медиуми јавија дека некои од демонстрантите биле вооружени.

Многумина носат капи со логото „Направи ја Америка повторно голема” и пароли со неосновани обвинувања дека има изборни измами.

Броењето продолжува во клучната област. Џо Бајден има мало водство во Аризона.

АП и други американски медиуми, вклучително и Фокс Њуз, го објавија Бајден за победник, но Трамп е малку поблизу до поранешниот потпретседател на САД.

Треба да знаете
Последни објави