Кадрите на Зоран Заев не можат да спроведат реформи во судскиот систем. Владата на Заев не може да обезбеди ефикасно судство, а неговите послушници не можат да спроведат независно и професионално судство.
Министерот за правда Бојан Маричиќ ги менува ставовите во зависност од потребата.
Маричиќ денес вели нема законска рамка за онлајн судења. А во пораката за европскиот ден на правото, вели “За време на вонредната состојба, во судството имаше примери кои потврдија дека може да се функционира и онлајн, што е добар показател дека доколку има таква потреба, во иднина ова може повторно да се воведе во пракса‘‘.
Бојан Маричиќ нема конзистентност во ставовите. Бојан Маричиќ ги менува ставовите во зависност од тоа како ќе му сугерира Заев.
Зоран Заев е синоним за мешање во работата на правосудниот систем во Македонија. Заев е симбол за нарачани пресуди. Зоран Заев ги користи судиите како копче за паника секогаш кога тој или Владата запаѓа во одредена криза.
Зоран Заев ги злоупотребува судиите за да врши притисок, да монтира политички нарачани предмети и пресуди кон политички неистомисленици.
На Заев и неговите послушници приоритет не им е обезбедување на функционална правна држава, бидејќи тој единствено се грижи за бизнис зделките на кланот Заеви.
Зоран Заев ги наградува судиите кои му служат со напредување во кариерата. Таков случај е и Добрила Кацарска која ќе биде запаметена во македонскиот правосуден систем со низа прекршувања на судските пракси, н но и како инструмент на кршење на отпор и закани кон неистомисленици.
Со Кадровите именувања на СДСМ како Добрила Кацарска за уставен судија апсолутно ќе се исполитизира работата на Уставниот суд дополнително што политичките пресуди на Добрила Кацарска се оспорувани од Еврпопските судови и судот во Стразбур.
Граѓаните не веруваат во правосудниот систем, доказ за тоа се неодамнешните анкети каде над 60 % од граѓаните се изјаснале дека немаат доверба во судовите.
Граѓаните се откажуваат од заштита на своите права токму поради недовербата во институциите и поединци кои ја прават правдата недостапна. Граѓаните се воздржуваат од спорови бидејќи не веруваат во правниот систем во Македонија.
Владата на Зоран Заев со непрофесионални кадри не може да овозможи правна држава во која сите ќе бидат еднакви.