На Универзитетската клиника за радиологија позитивни на Ковид-19 се четворица вработени меѓу кои и директорот Даниел Ѓурчинов. Сите се во добра состојба и на домашно лекување, потврдија за МИА од Министерството за здравство.
Посочуваат дека на Клиниката нема застој во работењето, бидејќи од четворицата заболени, двајца се вработени во администрација, а еден е техничар.