Стиви Вондер ги повика своите сограѓани Американци да бидат обединети, без оглед кој ќе победи на претседателските избори.
Музичката икона проговори за време на шпекулациите дека земјата може да се соочи со граѓански немири по претседателските избори, а ниту Доналд Трамп ниту Џо Бајден сè уште не беа официјално прогласени за победници.
На видеото објавено на неговиот официјален канал на „Јутјуб“ Вондер (70) ја охрабрува нацијата да се залага за мир над насилство и додаде „ние мора да се лекуваме“.
„Сè уште имаме избор да сакаме или да мразиме, да покажеме сочувство или да покажеме презир, да заговараме мир или насилство“, вели Вондер во видеото со наслов „Универзумот нè гледа – што се случува понатаму“.
„Без оглед кој ќе победи, сепак можеме да избереме како ќе изгледа и ќе се чувствува оваа земја. Не можеме да продолжиме да бидеме поделени Соединети Американски Држави.“