Дури и да се случи нешто дека големите сили во светот ќе најдат начин да започнеме преговори со ЕУ ние мора да знаеме дека овој проблем со Бугарија ќе го имаме во следните 10 години, рече Илија Димовски во интервју за Сител по констатација на европските лидери дека за два дена Македонија и Бугарија треба да се договорат за спорните прашања.
-Многу е жално тоа што јас сум го говорел пред неколу години се покажа како вистина, а тоа е дека идентитетските прашања кои беа опфатени во Преспанскиот договор создаваат подлабока криза и проблем од тоа што тогаш власта го претставуваше, тоа според мене и тогаш и сега е клучниот дел односно оној член 7 кој беше потпишан во смисла со дефинирање на поимот македонец, македонско, македонски јазик. Па во таа смисла и Бугарија вели дека штом можевте со Грција да потпишете таков договор, тогаш можете и со Бугарија, вели Димовски.
Тој вели дека она што е страшно за нас како држава е дека немаме национална позиција за овие прашања.