Елмас е подготвен да се врати во тимот на Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец од редовите на италјанскиот Наполи, Елиф Елмас е подготвен да се врати во стартниот тим на калчолигашот по принудната пауза која ја имаше поради позитивен тест на коронавирусот. Поради тоа Елмас ги пропушти и репрезентативните обврски, полуфиналниот дуел од Лигата на нации со Косово (2:1) во Скопје и двата дуели од новата сезона на истото натпреаврување со Естонија (3:3) и Грузија (1.1). На 12 ноември пред македонскиот тим е историски меч со грузија во Тбилиси за премиерен пласман на завршница од ЕП-2020. За овој дуел како и мечевите од новто издание на Лига на нации со Естонија и Ерменија, се очекува Елмас да се врати во државниот тим и да бидат остварени посакуваните резултати.

Колку ќе биде подготвен за репрезентативните предизвици Елмас ќе има можност да покаже уште вечерва (18.55 ч.) на дуелот со хрватска Риека во 3. коло од групата Ф во Лига Европа, откако во италјснаската Серија А, против Сасуоло, ги одигра последните 20 минути.

-Добро  се чувствувам. Периодов тренирав само во домашни услови и ќе видиме каков ќе бидам на теренот.Ова ми е втора сезона во Наполи и се надевам дека ќе бидам подобар. Со тимот имаме зацртано важни цели, а за моите индивидуални цели не сакам да зборувам, уште сум млад. Само сакам напорно да работам и да размислувам за секој следен натпревар, вели Елмас во пресрет на дуелот со Риека.

По првите две кола во групата , Наполи има три бода, додека Риека е последна без бодови.  Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, се очкеува вечерва да му даде шанса на Елмас да заигра од првата минута.

-Ништо посебно не ни рече Гатузо пред овој меч. Мене секогаш ми кажува дека сум како животно, во смисла голем борец кој не бега од ништо. Тој е специфична личност и ми се допаѓа како работи со мене, додаде Елмас во пресрет на денешниот дуел.

Треба да знаете
Последни објави