Индонезија првпат од 1997 година во рецесија

Индонезија првпат од Азиската финансиска криза од пред повеќе од 20 години, поради пандемијата, влезе во рецесија.

Индонезиската Централна статистичка агенција соопшти дека најголемата економија во Југоисточна Азија забележа пад од 3,49 проценти во периодот од јули до септември. Тоа е втор квартал на пад на индонезиската економија,

Во првото тримесечје од 2020 година индонезиската економија забележа раст од 2,9 отсто, што е најмал пораст во изминатите 20 години, додека во вториот квартл од годината се намали за 5,32 проценти.

Индонезиската Влада во април одобри 45,3 милијарди долари финансиска помош, а во јуни уште 47,9 за санирање на економијата.

Последната рецесија во Индонезија беше во 1997 година.

Во Индонезија речиси 422.000 луѓе се инфицирани со новиот коронавирус и над 14.000 смртни случаи. Од средината на септември се пријавуваат од 3.000 до 4.000 случаи дневно.

Треба да знаете
Последни објави