Зоран Кастартовиќ утрово го изненади македонскиот ракометен суперлигаш Металург со оставка. Тимот од Автокоманда кој настапува во Лига Европа ќе мора час поскоро да си најде замена за испразнетото место на клупата.
Кастратовиќ кој и во минатата сезона повлече ваков потег, п беше предомислен, не крие дака заминува од клубот поради финансиски причини кои подолг период го потресуваат клубот од Автокоманда.
Металург под водство на Кастратовиќ сезонава ја исполни зацртана цел да избори пласман во групната фаза од Лига Европа.