Кејн го постигна 200. гол за Тотенхем во триумфот над Лудогорец

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн постигна јубилеен гол на вечерашниот натпревар од Лига Европа против Лудогорец. Овој натпревар беше 300-ти за Кејн во дресот на „Спарс”, а погодокот 200-ти.

Дваесет и седумгодишниот Кејн за првиот тим на Тотенхем игра од 2011 година.

Лондонскиот тим победи против бугарскиот претставник со 3:1. Кин ги доведе во водство гостите во 13. минута, а Моура зголеми на 0:2 пред финишот на полувремето.

Домажинот во 50. минута преку Кесеру намали, но 12 минути подоцна Ло Челсо го постави конечниот резултат.

По три кола Тотенхем има две победи и еден пораз во Ј-групата од Лига Европа.

Треба да знаете
Последни објави