Металург нема да бара наследник на Кастратовиќ, тимот му се доверува да го води помошникот Димитриоски

По веста за заминувањето од тренерската клупа на македонскиот ракометен суперлигаш Металург на првиот стратег Зоран Кастратовиќ, се огласи и тимот од Автокоманда да потврди дека разделбата ја направиле спогодбено. Металаург му се заблагодарува за досегашната соработка на Кастратовиќ и информира дека нема да бара нов тренер, туку таа должност ќе му ја довери на досегашниот асистент во стручниот штаб Оли Димитриоски.

-Во овој момент нема да назначиме нов тренер, првиот тим продолжува да работи со Оли Димитриоски, во кој имаме потполна доверба, а досега беше помошник тренер на Кастратовиќ, велата од Металург.

Ракометарите на тимот од Автокоманда ќе направат ковид-тетови и од утре ќе продолжат со работа.

Треба да знаете
Последни објави