МЗТ Скопје и Работнички на Златибор почнуваат со обврските во АБА2 лигата

Македонските кошаркарски претставници во регионалната АБА2 лига, староседелецот МЗТ Скопје и дебитантот Работнички од понеделник ќе почната да ги одработуваат обврските во лигата од новата сезона и тоа турнирски. Првиот собир е закажан да се одржи на Златибор во Србија каде ќе се одиграат четири кола.

Работнички прв ќе го има дебито во АБА2 сезоната и тоа в понеделник против црногорскиот тим Студентски центар (17 часот), додека МЗТ Скопје на паркетот на Златибор ќе истрча еден ден подоцна, кога во истиот термин ќе ги одмери силите против Подгорица, исто така нов претставник на Црна Гора.

Според распоредот, Работнички на првиот турнир ќе се сретне и со Подгорица (12 ноември), Ловќен (14 ноември) и со Младост Земун (16 ноември), додека составот од Аеродром ќе ги одмери силите уште со Сутјеска (12 ноември), Широки (15 ноември) и со Борац Бања Лука (18 ноември).

Поради ковид пандемијата лигата годинава ќе се игра без реваншо, а дуелот на макеоднските лути ривали е на програмата во 8. коло, што значи дека ќе биде на вторииот турнир на почетокот од идната година за кога е планирано одржување на вториот турнир, на кој ќе се одиграат најмалку уште пет кола.

 

 

Треба да знаете
Последни објави