Во моментов не се планира одржување средба меѓу ерменскиот премиер Никол Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев за решавање на конфликтот во Нагорно-Карабах, изјави ерменскиот министер за надворешни работи Зохраб Мнатцаканјан.
На прес конференцијата одржана во зградата на ерменскиот Парламент, шефот на дипломатијата кажа дека во овој момент не е планирана средба меѓу Пашинјан и Алиев, пренесе Тасс.
Судирите меѓу Ереван и Баку во регионот Нагорно Карабах се обновија на 27 октомври и прераснаа во интензивна размена на оган во која беа убиени голем број цивили.
Досега се договорени и веднаш прекршени три примирја, а двете страни меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот.