Познати термините за дуелите на Македонија со Италија и Естонија

Познати се термините за одигрување на квалификациските натпревари за ЕП-2022 на македонската кошаркарска репрезентација со Италија и Естонија. Македонија од 28 до 30 ноевмри во Талин, престолнината на Естонија на турнирски систем ќе ги одигра квалификациските мечеви во групата Б.

Во првите два настапи на стартот Македонија на двапати беше поразена, од Естонците на домашен терен со 72:81 и од Русија на гости со 77:67.

28. НОЕМВРИ (САБОТА)

16.00: Италија – МАКЕДОНИЈА
20.30. Естонија – Русија

30. НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК)
16.00: Русија – Италија
20.30: Естонија – МАКЕДОНИЈА

Треба да знаете
Последни објави